Казната на Митровиќ е далеку од највисоката која е изречена во англиското првенство

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, доби суспензија од осум натпревари, откако го оттурна судијата на мечот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Сепак, оваа казна не е ниту меѓу десетте највисоки кои се изречени во Англија.

Рекордот го држи Енох Вест, фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој во 1915-тата година заработил суспензија од 30 години забрана за бавење со фудбал. Тој заедно со уште тројца соиграчи, како и четворица играчи на Ливерпул се суспендирани поради местење на натпревари. Сепак, неговата казна била највисока, па иако се жалел, таа истекла дури во 1945-тата година, кога Вест веќе имал 59 години и никогаш повеќе не играл фудбал.

Помеѓу највисоките казни во Англија се и тие на: Џо Бартон (18 месеци), Марк Боснич и Ерик Кантона (по 9 месеци), Рио Фердинанд (8 месеци), Адриан Мути (7 месеци), Коло Туре и Вини Џонс (по 6 месеци), Луис Суарез (4 месеци), Паоло Ди Канио (11 натпревари) …

- Оглас -

Најнови вести