Светска шампионка суспендирана поради допинг!

Светската шампионска на 3000 метри стиплчез од последното Светско првенство во Орегон, Нора Јеруто, е суспендирана на неодредено време поради допинг. Во одлуката на Комисијата за интегритет во атлетиката не се наведува која недозволена супстанца ја користела Јеруто, ниту колку долго ќе биде суспендирана.

Нора Јеруто е родена во Кенија, но настапува за репрезентацијата на Казахстан. На последното Светско првенство во Орегон го освои златното одличје на 3000 метри стиплчез со време 8:53.02 што е рекорд на светските првенства и трето најдобро време во историјата.

- Оглас -

Најнови вести