Екипата на Партизан со победа над Монако на гостински терен го потврди пласманот во Топ 8 на Евролигата, а тоа предизвика одушевување кај нивните навивачи. Тие во 4 часот изутрина ги пречекаа кошаркарите на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград и со песна и навивање го прославија пласманот помеѓу најдобрите осум екипи во Европа.
На навивачите им се приклучи и Матијас Лесор, кој со пиротехнички средства го водеше навивањето на “Гробари“.