Женската ракометна репрезентација на Македонија денес ќе го одигра првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство против Украина. Гостинските се фаворитки на овој дуел со квота од 1.65 во понудата на Sport Life, но Македонија во никој случај не смее да се потцени. Доколку пак одиграте патриотски, квотата на Македонија е 2.80.
Најголем проблем на репрезентацијата на Украина е војната која се води во таа држава, па така колку тие се заинтересирани за ракомет е тешко да се претпостави, но секако ќе го видиме тоа на вечерва на теренот.
Овие две репрезентации имаат одиграно само два квалификациски натпревари во историјата и тоа во Квалификациите за Европското првенство во 1998 година. Тогаш Македонија победи на домашен терен со 30-20, додека Украина славеше на мечот во Киев со 30-27.
Против украинките имаме одиграно и четири натпревари на големите натпреварувања, но никогаш не сме победиле. Првиот меѓусебен дуел на големите натпреварувања беше на веќе споменатото Европско првенство во 1998 година, кога Украина не победи со убедливи 35-21. На следното Европско првенство во 2000 година, Украина повторно беше поуспешна, овојпат со 27-19.
Последните две соочувања на големите натпреварувања завршија нерешено. На Светското првенство во 2001 година мечот заврши со резултат 22-22, додека на Светското во 2005 година одигравме 29-29.
Македонија и Украина имаат одиграно и 9 пријателски натпревари, на кои ефектот е 4 победи на Македонија и 5 победи за Украина. Последниот пријателски дуел го одигравме во 2012 година на Турчин Купот во Киев, а победи домашната селекција со 34-29. Македонија последната победа над Украина ја забележа во далечната 2003 година на Кроација Куп во Сплит, кога ги совладавме украинките со 32-29.
Сепак, ова се некои минати времиња и за двете репрезентации, кога и Македонија и Украина беа дел од европскиот крем на женскиот ракомет. Сегашноста е многу различна и двете селекции се далеку од успесите и резултатите кои ги имаа во минатото.
Натпреварот Македонија – Украина се игра вечерва во 19 часот во Арената “Борис Трајковски“ во Скопје.