25-тото коло од бескплатната акција на Sport Life започнува со големото шкотско дерби помеѓу Селтик и Глазгов Ренџерс, кое на програмата е во 13 часот и 30 минути.
Според прогнозерите Селтик е голем фаворит, бидејќи дури 80.25% очекуваат нивна победа. Само 5.52% се одлучиле да типуваат на Глазгов Ренџерс, додека нерешено на овој натпревар очекуваат 14.23% од прогнозерите.
Воедно, процентот за победа на Селтик е најголем од сите понудени натпревари. Следува натпреварот Тотенхем – Брајтон, на кој прогнозерите очекуваат победа на домаќинот со 79.72%.
За погодена Тринаесетка, имате избор меѓу трите понудени награди:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
X Box Series X.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, тие добиваат ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за тие со 11 погодоци и две утки, следува ваучер од 500 денари.