Чеферин не смеел да биде претседател на УЕФА, лажел за својата биографија?!

Словенечкиот портал prava.si, објави информација дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во 2016 година не смеел да стане прв човек на европската куќа на фудбалот, затоа што „сиви-то“ му било делумен фалсификат.

Чеферин пред да стане претседател на УЕФА, поднел кандидатури за четири различни раководни места, од кои едното во фудбалската федерација на Словенија. Според порталот Права, има докази дека Чеферин лажел за својата биографија.

Таму стоело дека бил член на Управниот одбор на клубот Олимпија/Бежиград од 2006 до 2011 година, но објавени се документи дека тоа не било така.

- Оглас -

Најнови вести