Рони О‘Саливен: Би се менувал со Ѓоковиќ!

Најдобриот и најпопуларен снукер играч, Рони О‘Саливен, во интервју за српски медиум, го испофали српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, и рече дека за некои работи би се менувал со него.

„Ѓоковиќ е еден од најдобрите и најголеми спортисти на светот, според мене ќе ги надмине Федерер и Надал. Тоа што тој го има постигнато е неверојатно. Феноменален е. Би ја менувал кариерата со неговата. Би сакал да го правам тоа што тој го прави на тениските терени. Тенисерите играат на прекрасни стадиони, пред многу публика. Животот на тенисерите е тежок, но кога сте на врвот и победувате на тие големи турнири, тоа е прекрасно“ – изјави големиот Рони.

- Оглас -

Најнови вести