Баерн не ја повтори грешката од купот, спектакл во Мајнц!

Првопласираните две екипи на бундеслигашката табела, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, победија во дуелите со третиот и четвртиот на табелата, па станува јасно дека битката за титулата ќе ја водат Баварците и Жолто-црните.

Баерн со 1-0 славеше на гости кај Фрајбург, голот беше фантастичен, а го постигна Матајс Де Лихт. Со ова, Баварците му се реваншираа на Фрајбург од кого пред само четири денови беа елиминирани во купот на Германија.

Борусија е втора со два бода помалку од актуелниот првак, а попладнево пред повеќе од 81.000 гледачи, во Дортмунд падна Унион Берлин. Борусија победи со 2-1, победничкиот гол го даде Јусуфа Мукоко во 79-та минута.

Меч со луда завршница се одигра во Мајнц, каде домашните ремизираа со Вердер 2-2, а до 84-та минута резултатот беше 0-0. Мајнц поведе во 85-та, Вердер изедначи во 87-ма, во 93-та Мајнц поведе 2-1, а конечните 2-2 беа поставени во 95-та минута.

- Оглас -

Најнови вести