Клоп: Ова е како кога ќе влезеш во вртлог и не можеш да излезеш

Ливерпул ја игра најлошата сезона откако на клупата е Јирген Клоп. Тимот многу лесно може да остане не само без настап во Лигата на шампиони, што секако ќе биде дебакл за оваа екипа. По 28 одиграни меча, Ливерпул има 43 бодови и е на осмото место на табелата, со дури 13 бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед.

Следниот дуел за Ливерпул ќе биде голем предизвик. На „Енфилд роуд“ играат против Арсенал, кој е лидер во првенството. Клоп е свесен дека ова е многу важен дуел.

„Дојдовме во еден од оние периоди кога навистина не играме добро. Штета што англискиот јазик не ми е мајчин, па да можам подобро да објаснам. Ова е како да влезеш во еден вртлог кој ќе те повлече и не можеш ништо да направиш, само во еден момент ќе речеш: „Леле каде сме?“. Сигурно дека не сум послаб тренер од тоа што бев минатата година. Ни играчите не се послаби од лани, но едноставно играат послабо сега“, објасни Клоп пред големото дерби.

- Оглас -

Најнови вести