Понеделник е резервиран за завршување на редовното коло во првенствата, а денеска има доста интересни натпревари за титпување.
Ќе се игра дербито на Азискиот куп меѓу Иран и Јапонија во меч за финале, а денеска очекуваме настап на тројца македонски репрезентативци, Горан Пандев, Елиф Елмас и Столе Димитриевски.
Иран – Јапонија (15 часот)
Во финале пред финалето на Азискиот куп ќе играат двете најтрофејни репрезентации, Јапонија со четири титули азиски шампион и Иран, кој има три титули. Ждрепката и резултатите во досегашниот дел од турнирот одлучија да играат во полуфиналето, а кој и да победи, ќе биде фаворит и во финалето против Катар или Обединетите Арапски Емирати.
Иран прикажа одлични игри на турнирот и е единствената селекција без примен гол. Тареми, Азмун, Дежага и останатите офанзивци беа на висина на задачата, Иран даде 12 гола на пет меча, но одбраната блеска. И Јапонија нема пораз досега, забележа пет победи, три од нив со по 1-0, што покажува дека и тие имаат цврста одбрана. Тие се и една од ретките селекции на турнирот со домашен селектор.
Мечот е исклучително важен, победникот ќе има шанса да игра за нова титула на континентот, па очекуваме малку голови.
Предлог тип: 0-2 гола (1.40)
Маритимо – Рио Аве (18 часот)
Двете екипи се во сосема различна форма и момент, а Маритимо е асполутен фаворит за победа. По кризата, се разбудија и нанижаа три победи по ред. Рио Аве има црна серија од девет меча без триумф во сите натпреварувања, а лесно прима голови. На гостински терен играат исклучително скромно во последниот период и имаат пет порази едноподруго.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)
Фенербахче – Јени Малатијаспор (18 часот)
Ова е еден од мечевите „Да се биде или не“ за гигантот Фенербахче. Елиф Елмас и соиграчите имаат императив, но не само сега, против опасната Малатија, туку и на сите следни натпревари во турското првенство ако сакаат да избегнат испаѓање.
Ако Фенербахче само со 17 бода на делба на последните три места во Лигата е најголемото разочарување, тогаш Јени Малатија е сосема спротивно – хит по 18 кола во Турција. Избраниците на Ерол Булут се на третата позиција со 32 бода, само шест помалку од лидерот Басакшехир.
Кога има императив, е најтешко да се игра, но Фенербахче е гигант на турскиот фудбал и вечерва ќе најде сили да победи.
Предлог тип: 1 (1.75)
Емполи – Џенова (20.30 часот)
Последниот меч од 21-вото коло во Серија А ќе биде рововска битка за бодови, што значат многу во обидот на двете екипи да побегнат подалеку од опасната зона. Емполи е во малку полоша ситуација со 17 бода, само три повеќе од Болоња, која би испаднала ако сега завршуваше италијанското првенство. Џенова има 20 бодови, но ќе има голем проблем по заминувањето на првиот стрелец Пјонтек. Полјакот постигна 13 голови за популарните „Грифони“, повеќе од половина од остатокот од тимот (25 вкупно).
Емполи е домашна екипа и од вкупно 17 бодови, дури 13 ги освои на својот стадион „Карло Кастелани“, а и кај Џенова приказната е идентична. На гости Пандев и соиграчите освоија само 4 бода на 9 меча и не играат добро.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.40)
Алавес – Рајо Валјекано (21 часот)
Двете екипи немаат одиграно реми на последните пет меѓусебни дуели, а Алавес е малку поуспешен во вкупниот биланс со 7-6 во победи и две нерешени. Меѓусебните дуели на тимот од Виторија и гостите од Мадрид често се многу ефикасни, а и вечерва се очекува офанзивен фудбал од двете екипи.
Кај Рајо на голот ќе биде Столе Димитриевски, а гостите ќе мора да внимаваат на опасниот тандем Калјери-Бастон, дуо кое заедно постигна 4 гола и игра одлично за Алавес сезонава. Ќе го нема Џони, веќе трет меч по ред, што е голем хендикеп за домаќините.
Гостите повторно очекуваат многу од извонредниот Раул де Томас, кој е прв стрелец на тимот со 8 гола, но можно е да не игра Ембарба, неговиот партнер во нападот.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.60)