Целиот стадион замолкна во знак на поддршка на капитенот, а тој доби црвен картон (Видео)

Екипата на Бетис предмалку загуби од Кадиз на домашен терен со 2-0, а во првиот состав се врати капитенот Серхио Каналес. Сепак, неговото враќање не траеше долго, бидејќи во 38-та минута заработи директен црвен картон.

Каналес беше суспендиран четири натпревари поради критики кон судијата после натпреварот со Мајорка. Казната му беше намалена на два натпревари после жалбата на Бетис. Во 10-тата минута целиот стадион замолкна во знам на протест кон одлуката на шпанската фудбалска федерација.

Шокот за целиот стадион следуваше во 38-та минута кога главниот судија му додели директен црвен картон на капитенот на Бетис, Серхио Каналес, за еден старт врз фудбалер на Кадиз. Мислењето на стручната јавност е дека црвениот картон е престрого доделен.

До крајот на мечот Бетис доби уште еден црвен картон и го загуби натпреварот со 0-2.

- Оглас -

Најнови вести