Спектакл на Енфилд, Арсенал испушти победа во финишот од мечот (Видео)

Екипата на Арсенал не успеа да забележи победа на Енфилд Роуд и одигра само 2-2 против Ливерпул. “Топџиите“ од Лондон имаа предност од 2-0 после 30 минути игра, но на крајот Ливерпул успеа да остане непоразен. Домашните дури можеа и да победат, доколу Салах не промашеше пенал.

Резултатот го отвори Габриел Мартинели уште во 8-та минута од мечот.

Веќе во 28-та минута беше 2-0 за Арсенал со погодок на Габриел Жезус.

Конечните 1-2 на полувремето ги постави Мохамед Салах во 42-та минута.

Мохамед Салах во 52-та минута успеа да го промаши целиот гол од пенал и пропушти шанса да израмни на 2-2.

Сепак, израмнувањето стигна во 87-та минута, кога Роберто Фирмино постигна погодок за конечни 2-2.

Арсенал има предност од шест бодови пред Манчестер Сити на премиерлигашката табела, но и натпревар повеќе.

- Оглас -

Најнови вести