Артета: „Голманот не спаси од пораз“

Свое видување на дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Арсенал имаше и тренерот на гостинската екипа, кој беше реален во својата изјава.

– „Мислам дека за неутралните гледачи ова беше многу убав натпревар. Почнавме многу добро. Пред паузата примивме гол и тоа им даде ветер во грб на фудбалерите на Ливерпул. Изгубивме контролна и започнавме да го губиме поседот на топката. Играта се отвори. Требаше тоа да го издржиме, но голманот не спаси во последен момент. Мислам дека ремито е реален резултат“.

Арсенал останува на лидерската позиција во Премиер лигата со 73 бодови, шест повеќе од Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести