Фудбалерките поразени и од Црна Гора (Фото)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби и на вториот пријателски натпревар во априлскиот прозорец, овојпат од Црна Гора со 3-1. Домашните фудбалерки беа подобар противник на дуелот кој се одигра на теренот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора во Подгорица и поведе уште во 14-тата минута преку Јасна Ѓоковиќ.

Македонија израмни во 35-тата минута преку Илза Максути и тоа беше сè што направија нашите фудбалерки на овој натпревар.

Јелена Карличиќ во 60-тата минута ја доведе Црна Гора повторно во водство, овојпат од 2-1. Конечните 3-1 беа дело на Јелена Вујадиновиќ во 86-тата минута.

Нашата репрезентација во петокот загуби од Албанија во Елбасан со идентични 3-1.

- Оглас -

Најнови вести