Се врати од пензија, па ѝ донесе победа на својата екипа (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативен голман Бен Фостер минатата година се прости од фудбалот, но одлучи да направи камбек и да заигра во петтата лига. Бен Фостер на 40 години се одлучи да застане на голот на петтолигашот Рексам и да му помогне да обезбеди пласман во повисок ранг. И успеа во тоа. На натпреварот против директниот конкурент Нотс каунти, Фостер одбрани пенал во 96-тата минута, со што неговата екипа ја сочува предноста од 3-2.

Двете екипи пред натпреварот имаа по 100 бода и беа на делба на првата позиција, која води во Лига 2 (четврти ранг). Со оваа победа Рексам му побегна на Нотс каунти со три бода, но има и натпревар помалку од конкурентот, па е на добар пат да ги оствари амбициите за оваа сезона.

Видеото од одбраната на Бен Фостер може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести