Барселона киксна против Џирона, но дали на Каталонците не им е признат регуларен погодок (Видео)

Барселона и Џирона одиграа само 0-0 во каталонското дерби што го затвори 28-мото коло на шпанската Ла Лига. Иако Барселона во текот на целиот натпревар притискаше, сепак не успеаваше да го пронајде патот во голот на гостите.

Спорниот момент кој можеше да го одлучи победикот се случи во 37-мата минута, кога Серхио Араухо упати удар кон голот на Џирона, голманот одбрани, но останува спорно дали топката ја мина гол-линијата. Во Шпанија нема гол-технологија, па главниот судија му веруваше на помошникот, кој сигнализираше дека нема гол во оваа ситуација.

Барселона е лидер во шпанската Примера со 13 бода повеќе од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести