Тухел: Не ме прашувајте за Челзи, сега носам друг дрес

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, на прес-конференцијата пред вечерашниот четвртфинален натпревар во ЛШ против Манчестер сити одби да одговори на прашањата на англиските новинари за ситуацијата со тренерите во Челзи.

Новинарите побараа од Тухел да даде свој коментар на враќањето на Франк Лампард на клупата на Челзи.

„Не, нема никакви прашања за Челзи. Сега носам друг дрес и нема да коментирам ништо за Челзи“, одговори Тухел.

Германецот 20 месеци седеше на клупата на Челзи и имаше пет меча против Гвардиола и Манчестер сити, а славеше на три. Најважна победа е таа од пред две години во финалето на Лигата на шампионите.

„Тоа што го прави Пеп е неверојатно. Ќе се обидеме да ги намачиме вечерва. Во разговорите со фудбалерите не го споменував тоа финале од пред две години и немам намера да го споменувам. Ќе се сконцентрираме на нашиот тим, имаме причини во овој дуел да влеземе со самодоверба и ќе се обидеме да продолжиме со одличните игри во Лигата на шампионите. Можеби сме благи аутсајдери во овој двомеч со Сити, но ја прифаќаме таа улога“, додаде Тухел.

- Оглас -

Најнови вести