Домаќините се поблиску до победите на првите четвртфинални пресметки во ЛШ

6003 Манчестер сити – Баерн М. (21.00 часот)

Дуелот меѓу англискиот и германскиот шампион е дерби на четвртфиналето во Лигата на шампионите, а во подобра форма се наоѓа Манчестер сити. Граѓаните имаат серија од осум победи по ред, а последниот пораз го доживеаја пред повеќе од два месеца, додека Баерн Минхен игра променливо откако управата се одлучи за шок-терапија, го смени тренерот Јулијан Нагелсман и на негово место го донесе Томас Тухел. Манчестер сити во осминафиналето го елиминира Лајпциг (1:1,7:0), додека Баерн беше подобар од ПСЖ (1:0,2:0). Интересно е што додека Тухел седеше на клупата на Челзи, има подобар скор од Гвардиола, Германецот славеше на три од петте меча, вклучувајќи го и најважниот дуел во финалето во ЛШ пред две години.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.06)

 

6004 Бенфика – Интер (21.00 часот)

Интер по елиминацијата на Порто во осминафиналето, во четртфиналето го очекува двомеч со уште еден португалски гигант, Бенфика. Лисабонските орли играат фантастично сезонава, го освоија првото место во групната фаза иако за конкуренти ги имаа ПСЖ и Јувентус, а во осминафиналето го демолираа Бриж (5:1, 2:0). Бенфика загуби во последниот меч, изминатиот викенд Порто славеше со 2:1 во големото дерби и ја прекина серијата од осум победи по ред. Интер се наоѓа во серија од шест меча без победа во сите натпреварувања и во последното коло во Серија А не успеа да ја победи Салернитана.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.85)

 

1250 Данди – Реит Роверс (20.45 часот)

Данди на најдобар можен начин ги искористи трите порази на Квинс парк и со седум бода во последните три кола се израмни на лидерската позиција на табелата во шкотската Чемпионшип дивизија. Реит роверс загуби во последните две кола, но си го обезбеди опстанокот во лигата бидејќи на пет кола до крајот има 14 бода повеќе од последнопласираниот Коув ренџерс. Овие два тима годинава веќе одиграа два натпревари меѓу себе, и двата завршија без победник. Победата е императив за Данди бидејќи со победа ќе му избега на Квинс парк на три бода на табелата.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.45)

 

2806 Силкеборг – Хорсенс (18.30 часот)

Во данскиот шампионат веќе се игра втората фаза во која Силкеборг и Хорсенс се борат за опстанок. Силкеборг е деветти на табелата со 30 бода и со две ремија во последните два меча, додека Хорсенс е десетти со 23 бода, пет повеќе од Алборг, кој се наоѓа во зоната на испаѓање. Двете екипи играат ефикасно, на мечевите на Силкеборг беа постигнати 16 гола, додека 13 паднаа на средбите на Хорсенс. Исто така ефикасни се и меѓусебните дуели. Во оваа сезона досега играа двапати и беа постигнати пет (2:3), односно три (2:1) гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

1261 Елџин – Стенхаусмур (20.45 часот)

Елџин е последен на табелата во Шкотската лига 2 со серија дури од шест порази по ред, додека Стенхаусмур е без пораз во последните три кола и речиси си го обезбеди опстанокот. Елџин во последните шест меча постигна само еден гол, но и покрај лошата серија, има шанси за опстанок бидејќи има ист број бодови со претпоследниот Албион Роверс. Елџин славеше на последните два меѓусебни дуели што ги играше на домашен терен.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.23)

- Оглас -

Најнови вести