Филип Миркуловски во тандем со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ ќе бидат главни тренери на тимот на Вецлар до крајот на сезонава во Бундеслигата.
Целта на Вецлар е да обезбеди опстанок, а по разделбата со Хрвоје Хорват, Филип и Јасмин веќе го водеа заеднички тимот.
„Одлуката е логична. Осум години сум во клубот, Јаско е уште подолго од мене, добро знаеме кој играч што и колку може, и тоа е голема предност. Сигурен сум дека ќе успееме како тим“, рече Миркуловски.