Поранешен тренер на Модриќ: „Тој е најдобриот фудбалер што го имам тренирано“

Поранешниот уругвајски фудбалер, а сега селектор на репрезентацијата на Грција, Густаво Појет, има само пофални зборови за Лука Модриќ. Тој му беше тренер во периодот кога Хрватот настапуваше во Тотенхем, иако само како асистент на Рамос.

„Модриќ е најдобриот фудбалер што го имам тренирано во мојот живот, иако бев само асистент. Со текот на месеците поминати заедно, додека трениравме, сфатив дека се работи за вонсериски играч. Со години мислам дека ја игра својата последна сезона, но тој се труди постојано да ме демантира. Неговото ниво на игра е исклучително високо.“

Лука Модриќ во 2008 година од Динамо Загреб се пресели во Тотенхем, а токму во тој период соработуваше со Појет, кој му беше асистент на Рамос.

Договоро на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува налето и сè уште не е продолжен.

- Оглас -

Најнови вести