Сити со малку чудна формација ќе го нападне Баерн, кој е без класичен напаѓач, во Португалија ќе има битка на средината од теренот

Беспоштедна ќе биде борбата на стадионот во Манчестер, каде што ќе играат Сити и Баерн Минхен во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола ќе започне офанзивно во интересна формација 3-2-4-1. Ерлинг Халанд е најопасен во нападот, а од заднина ќе има помош од Бернардо Силва, Де Бројне, Гундоган и Грилиш.

Баерн Минхен ќе биде без класичен напаѓач, па улогата на „деветка“ ќе ја има Гнабри.

Интер ќе биде со Лаутаро Мартинес и Един Џеко во нападот на гостувањето кај Бенфика, додека на спротивната страна во нападот најистурен ќе биде Гонсало Рамос. Традицијата вели дека Интер тешко постигнува голови на гостувањата во Португалија, а тренерот на Нераѕурите, Симоне Инѕаги, планира да ја добие борбата на средината на теренот, каде што игра со засилена формација и петмина во најважниот дел од теренот.

И Бенфика ќе биде со петмина во средниот ред, па може да се очекува беспоштедна битка, а екипата која ќе успее да направи доминација на овој дел од теренот ќе биде поблиску до победата.

- Оглас -

Најнови вести