Лука кратко и јасно кажа на кого ја посветува наградата

Лука Модриќ дефинитивно е играчот кој ја одбележа минатата сезона. Капитенот на хрватската репрезентација ги обедини индивидуалните титули кои ги доделуваат УЕФА и ФИФА на најдобриот фудбалер во изминатиот период. Од синоќа, Златната топка е во неговите раце.

Играчот за врска имаше одлична сезона како на клупски така и на репрезентативен план. Со Реал Мадрид стана европски и светски првак, а малку недостасуваше да биде на планетарниот трон и со репрезентацијата на Хрватска. На Мундијалот во Русија, „коцкестите“ стигнаа до финалето, каде што немаа сили и беа поразени од Франција со 4-2. Сепак, со своите игри Модриќ беше прогласен за најдобар играч на турнирот и најави дека ова е период во кој тој ќе доминира во сите избори.

Подоцна Лука беше избран и за најдобар фудбалер од УЕФА, а од синоќа е број еден и според ФИФА. По добивањето на наградата, Хрватот одржа говор и им се заблагодари на сите кои му помогнале да успее. Сепак, највпечатлива беше пораката која тој ја испрати преку својот профил на „Инстаграм“.

На фотографијата Модриќ ги држи наградит за најдобар играч од средниот ред и најдобар фудбалер во светот, а под неа напиша: „Посветено на сите оние кои го сакаат фудбалот“. Оваа порака на Модриќ досега достигна повеќе од еден милион лајкови.

 

- Оглас -

Најнови вести