Англиска легенда: „Само Канте може да му одземе топка на Модриќ“

Реал Мадрид и Челзи вечерва во 21 часот ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Легендарниот фудбалер на Селтик, а сега ТВ-коментатор, Крис Сатон, со интересна анализа за натпреварот.

„Реал Мадрид доминираше против Ливерпул во претходното коло. Челзи не смее да дозволи да се случи тоа и вечерва. Канте тренираше пред овој дуел и тоа може да биде голема работа. Реал има одлични опции во средниот ред, тука се: Лука Модриќ, Тони Крос, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Чуамени. Канте ќе биде тој кој треба да ги запре. Можеби е ризично да игра од првата минута по повредата, но тој е најдобриот кој може да му украде топка на Модриќ“.

Реал Мадрид доминантно стигна до четвртфиналето и сосема очекувано е фаворит против Челзи со квота од 1.70.

- Оглас -

Најнови вести