Новото коло на Спортската прогноза започнува со дуелот од Серија А помеѓу Болоња и Милан. Токму победата на Милан има најголем процент од досегашното типување, дури 82,20%. Следува победата на Рен со 81,99%.
Играчите очекуваат неизвесност на останатите натпревари, а најизедначени проценти имаат дуелите Саутхемптон – Кристал палас и Вердер Бремен – Фрајбург.
Интересен е дуелот Оксер – Нант, каде што најголем процент има за нерешен исход, дури 53,18%.
Најуспешните во секое коло Sport Life ги наградува, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
X Box Series X.
Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар (им следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари) и за тие со две утки (ваучер од 500 денари).