Екипата на Трабзонспор минатата сезона ја освои титулата во турското првенство, но оваа сезона е далеку од тој успех. Клубот каде што настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди во моментов е на шестата позиција во најквалитетната туска фудбалска лига дури со 19 поени помалку од лидерот Галатасарај.
Според турските медиуми, Славен Билиќ е најблиску до клупата на Трабзонспор, кој бара трајно решение за тренерската позиција. Сепак, според претседателот на клубот, сè уште нема ништо официјално.
„Вистина е дека имавме состанок со Билиќ. Во моментов преговараме со многу тренери. Со некои од нив преговорите се во напредна фаза“, рече претседателот на Трабзонспор, Ертуѓлул Доган.
Трабзонспор оваа сезона веќе промени двајца тренери, Абдула Авџија и Орхан Ак.