Мурињо е фаворит за клупата на Ал-Наср?

Светските медиуми денес објавија дека саудискиот клуб Ал-Наср и францускиот тренер Руди Гарсија се разделија само по 26 натпревари. Раководството на клубот од Саудиска Арабија не беа задоволни од резултатите на Гарсија бидејќи во моментов се далеку од шампионската титула. Сепак, и односот со Кристијано Роналдо не беше на највисоко ниво, па и тоа веројатно е една од причините за разделбата.

Сега веќе сè погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе седне на клупата на Ал-Наср и по десеттина години повторно ќе му биде тренер на Кристијано Роналдо. Мурињо во моментов има договор со Рома, кој истекува дури летото 2024 година, но има и задоволителни резултати со „римјаните“. Сепак, понудата од Ал-Наср за Мурињо е неверојатни 100 милиони евра годишно, но таа вклучува да биде и селектор на Саудиска Арабија.

Во моментов најплатен тренер во светот е Диего Симеоне, кој во Атлетико Мадрид заработува 34 милиони евра годишно, додека платата на Мурињо во Рома е „само“ 7 милиони евра.

Останува да се види дали пресудни ќе бидат саудиските милиони и Мурињо ќе се одлучи да си замине од европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести