Последните три сета во Монте Карло ги доби по 6-0, а утре ќе игра против Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети ќе биде противник на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на силниот турнир во Монте Карло, кој се игра на земјена подлога.

Музети, кој има 21 година, игра во страшна форма, последните три сета ги доби со по 6-0, но утре ќе треба да се надмине себеси за да победи против првиот носител. Пред две години на „Ролан Гарос“, Музети водеше со 2-0 во сетот против Ѓоковиќ, па може да биде интересно.

Музети во вториот сет од првото коло славеше со 6-0 против Србинот Кецмановиќ, а денеска за 52 минути го понижи сонародникот Лука Нарди, кого го прегази без загубен гејм.

- Оглас -

Најнови вести