Во унгарската втора лига играат екипи кои во меѓусебните дуели никогаш не постигнале повеќе од два погодока

2214 Сентлеринц – Ѓер (16:00)

Во втората унгарска лига, прашањето околу пласман во повисок ранг е решено, но борбата за опстанок е исклучително интересна. Екипата на Ѓер е во сигурната зона, но домашната екипа на Сентлеринц е во опасност од преселба со понизок ранг и ѝ следува голема борба за бодови. Поради важноста за бодовите, предност ќе има домашната екипа, но интересен е податокот дека на досегашните пет меѓусебни натпревари помеѓу овие две екипи, никогаш не биле постигнати повеќе од два голови.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.11)

 

5241 Белуиздад  – Параду (23:30)

Натпревар од првенството на Алжир, во кој домашните се апсолутни фаворити и моментално на лидерската позиција на табелата. Белуиздад на последните 11 натпревари нема загубено од Параду, а тоа последен пат се случило во 2006 година. Домашните сезонава немаат загубен натпревар и го имаат најдобриот напад во лигата. Последниот првенствен пораз им е речиси пред една година, односно во јуни 2022.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.20)

 

5626 Харас Ел Ходуд – Замалек (21:15)

Дуел на екипи кои имаат различни цели и амбиции оваа сезона во првенството на Египет. Домашната екипа е последна на табелата, но со шанси за опстанок, додека гостите се во борба за излез на меѓународна сцена. Замалек нема загубено од Харас Ел Ходуд од 2010 година, односно на последните 18 натпревари. Гостите на 22 првенствени натпревари оваа сезона имаат постигнато само 31 погодок. Токму поради тоа се очекува победа на Замалек со малку погодоци.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.18)

 

5281 Ал-Араби – Ал-Ахли Доха (20:45)

Екипата на Ал-Араби е кандидат за шампионската титула во Катар, а за противник ја има екипата на Ал-Ахли од Доха, која е во катастрофална форма. Гостите загубија на последните четири натпревари, додека домашната екипа го има еден од најдобрите напади во лигата. Додатна вредност на овој натпревар ѝ дава и фактот дека Ал-Ахли е екипата на чии натпревари досега паднале најмногу голови во лигата.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.95)

 

5291 Диба Ал-Фуџаира – Ал-Вахда (20:00)

Екипи кои на последните 16 од 17 меѓусебни натпревари одиграле 3+, но овојпат и со изразита фаворитска улога на Ал-Вахда. Гостите се во врвот на табелата и во голема борба за излез во азиските купови, додека на спротивната страна, екипата на Диба Ал-Фуџаира е во апсолутно лоша ситуација и пред испаѓање од лигата на ОАЕ.

Предлог тип: 2 & 3-5 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести