Само еден ден по убедливиот пораз од Манчестер сити (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, навивачите на Баерн Минхен добија добра вест, договорено е првото засилување за следната сезона.
Според весникот „Билд“, Баерн Минхен се договори со австрискиот репрезентативец Конрад Лајмер од Ред Бул Лајпциг.
Договорот на Лајмер со Лајпциг истекува на крајот од сезоната и Баерн успеа да ги договори сите детали со фудбалерот и да го донесе на „Алијанц арената“ без отштета.
Веднаш по завршување на сезоната, Лајмер ќе потпише четиригодишен договор со Баерн Минхен и ќе претставува засилување во средината на теренот за тимот на Тухел.