Цела Европа во „транс“, Перо собира НБА ѕвезди во Скопје за збогум на кошарката

Перо Антиќ по крајот на оваа сезона, ќе ѝ стави крај на својата кариера. Најдобриот македонски кошаркар во интервју за националнотот радио „Антена 5“ откри дека ќе се организира егзибициски натпревар во негова чест на кој ќе учествуваат неколку НБА-ѕвезди, како неговиот поранешен соиграч од Атланта, Ал Хорфорд, а и словенечката сензација Лука Дончиќ. Покрај овие двајца, во Скопје треба да дојдат и Жељко Обрадовиќ, како и уште неколку тренери и кошаркари со кои Перо соработувал во својата богата кариера.

„Не можам премногу да откријам, но само ќе потврдам дека на овој настан сигурно ќе присуствуваат Дончиќ и Хорфорд, како и други кошаркари и тренери кои имаат заслуги за сѐ што постигнав во кариерата“, истакна Антиќ.

Пред извесно време, Антиќ имал понуда да се врати во Евролигата, но понудата од Армани Милано ја одбил поради други планови. Антиќ беше еден од најзаслужните играчи кога Македонија го освои историското четврто место на ЕП во Литванија во 2011 година. Кариерата ќе ја заврши како трикратен европски шампион, со Олимпијакос освои две титули во Евролигата во 2012 и 2013 година, додека со Фенербахче се искачи на врвот во Европа во 2017 година.

Исто така ќе се паметат неговите денови кога го носеше дресот на Атланта хокс, тој е запишан како прв македонски кошаркар кој заиграл во најсилната кошаркарска лига на САД, а со „јастребите“ во една сезона стигна до конференциското финале на Истокот.

 

- Оглас -

Најнови вести