Хрватот Динко Јеличиќ (49) и официјално е назначен за нов привремен тренер на Ал-Наср за кого настапува Кристијано Роналдо.
Тој досега беше тренер на младинскиот тим на Ал-Наср, а доаѓа на местото на Руди Гарсија, кој доби отказ на седум кола до крајот на сезоната во шампионатот на Саудиска Арабија и по киксот на тимот, по кој ја загуби лидерската позиција на табелата.
https://twitter.com/AlNassrFC_EN/status/1646515888462635010?s=20
Според медиумите во Саудиска Арабија, Јеличиќ е привремено решение и засега е сигурно дека ќе ја предводи екипата на следните два меча, против Ал-Вахд во полуфиналето од Купот и во дербито против Ал-Хилал во првенството.