Одбојкарскиот свет е шокиран од смртта на 18-годишната одбојкарка на Новара, Јулија Итума, а како што одминува времето, сè повеќе информации се објавуваат за трагедијата.
Иако првичните информации беа дека Итума паднала од прозор од хотелската соба во Истанбул, во текот на денот се појави видеоснимка од одбојкарката, по што турските медиуми шпекулираат дека таа извршила самоубиство.
На видеото се гледа дека Итума, која е родена во Милано, а нејзините родители се имигранти од Нигерија, како шета во ходникот пред хотелската соба, потоа седнува пред вратата и плаче. Неколку моменти подоцна, одбојкарката стана, погледна во својот мобилен телефон и влезе во собата.
Медиумите од извори во истанбулската полиција откриле дека нејзините колешки од тимот, како и останатите членови од екипата на Новара, не забележале дека Итума има психички проблеми.
Igor Gorgonzola Novara'nın 18 yaşındaki oyuncusu Julia Ituma’nın son görüntüsü.
Oyuncunun intihar ettiği ihtimali var. #juliaituma #juliaitumanovara pic.twitter.com/IbmxSfbznr
— Mehmet Batuhan Ağır (@mbatuhanagir) April 13, 2023