Потресни сцени во Торино: Шчесни поради проблеми со срцето, со солзи во очите го напушти теренот (Видео)

Јувентус и Спортинг Лисабон по првото полувреме играа дуел без погодоци, но вистинска драма се случи на крајот во 44 минута. Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни почувствува боцкање во градите и веднаш побара медицинска помош.

Мечот беше прекинат, лекарите реагираа, а Шчесни мораше да го напушти теренот. На местото на Шчесни во игра влезе Матија Перин, а полскиот голман со аплауз беше испратен од трибините.

https://twitter.com/i/status/1646600779321561094

Шчесни има 32 години, а од 2017 година е дел од тимот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести