Потег што доликува на светски шампиони: Соиграчот од репрезентацијата се повреди, а тие на раце го изнесоа надвор (Видео)

Манчестер јунајтед имаше многу малерозна вечер против Севилја. Освен што англискиот тим си даде два автоголови и на крајот одигра само 2:2 во меч од Лигата на Европа, се повредија и двајца клучни играчи во одбраната.

Најпрво Рафаел варан беше заменет на полувреме поради повреда, а во 90 минута, буквално сам се повреди Лисандро Мартинез. Аргентинскиот репрезентативец лежеше на теренот и се жалеше на болка, а први поддршка му дадоа Монтиел и Акуња од тимот на Севилја. Иако овие двајца се играчи од Севилја, а не од Манчестер, сепак тие се многу добри пријатели и соиграчи од репрезентацијата со Мартинез.

Монтиел и Акуња буквално на раце го изнесоа Мартинез, а дури потоа се појави носилката за повредени фудбалери. Едноставно играчите на Севилја ги собраа почестите за покажување почит кон противникот.

 

- Оглас -

Најнови вести