Од Јувентус се огласија за состојбата на Шчесни, а навивачите го слават и резервниот голман (Видео)

Од Јувентус ги смируваат навивачите дека состојбата на голманот Војчех Шчесни е добра. Полјакот беше принудно повлечен од игра синоќа против Спортинг Лисабон, откако имал проблеми со дишењето и болка во градниот кош.

Шчесни плачејќи го напушти теренот, а првичните медицински тестови покажале дека голманот е во ред. Денеска Шчесни ќе биде подложен на подетални испитувања за да се утврди на што се должи проблемот кој го снајде среде натпревар.

Самиот Шчесни рече дека бил многу исплашен и загрижен, бидејќи првпат му се случило вакво нешто, но сега се чувствува добро. Тој најде место и за шега.

„Видов дека Матија Перин е во одлична форма на тренинзите, знаев дека ќе има феноменална двојна одбрана во 94-та минута и затоа излегов. Му честитав, тој е момче со златно срце, штета што Карло Пинсољо не влезе, ќе имавме голмански хет-трик“ – рече Шчесни.

Во судиското продолжение, Перин имаше две феноменални одбрани во ист напад, и спречи изедначување на резултатот, па Јуве на реваншот во Португалија ќе оди со предност од 1-0.

Ова се одличните одбрани на Перин со кои придонесе Јувентус да победи:

Mattia Perin great double save vs Sporting – 90+1′
by u/whiteniteee in soccer

- Оглас -

Најнови вести