Откриена последната порака на младата одбојкарка, напишала само еден збор

Трагичната смрт на 18-годишната Јулија Итума, вчера го потресе одбојкарскиот свет, а причината сè уште не е целосно разјаснета иако постојано се појавуваат нови моменти.

Младата одбојкарка паднала од прозор од хотелската соба во Истанбул каде нејзиниот тим Новара играше против Езачибаши во рамки на полуфиналето на Лигата на шампионите.

Неколку часа по трагичниот настан беше објавена видео снимка од надзорните камери на кои може да се види како одбојкарката шета во ходникот на хотелот, потоа седна пред собата и ја наведна главата на своите колена.

На видеото се гледа дека Итума разговара со некого на мобилен телефон, а денеска полицијата во Истанбул ја потврди оваа информација.

Полицијата објави дека Итума во ходникот поминала 40-тина минути разговарајќи со некого на телефон и тоа во периодот до 22:50 до 23:30 часот. Потоа влегла во својата соба во која била сместена заедно со Јулија Варела која на полицијата и рекла дека разговарале се до 1:30 часот по полноќ, по што си легнала да спие.

Варела утрината се разбудила кога полицијата и тропнала на врата, а претходно не слушнала ништо. Исто така италијанските медиуми објавија дека Итума на заедничката група на тимот на ВатсАп, напишала само Збогум.

- Оглас -

Најнови вести