Роналдо ќе пукне од мака, Меси се израмни со Португалецот и во следниот меч може да му го собори рекордот (Видео)

ПСЖ со 3:1 го совлада Ленс во дербито на 31-то коло во Лига 1, а средбата помина во знакот на Лионел Меси кој се израмни со Кристијано Роналдо и во следниот меч може да му го собори рекордот.

Меси го постигна третиот гол за ПСЖ и со тоа дојде до бројката од 495 постигнати голови во петте најсилни европски лиги, со што се израмни со Кристијано Роналдо, кој не може да го поправи својот учинок.

https://twitter.com/i/status/1647327116290293760

Португалецот од јануари годинава настапува за екипата на Ал Наср во шампионатот на Саудиска Арабија, но затоа Меси ќе има шанса во следниот меч на ПСЖ во Лига 1 постигне гол и да избие сам на првото место на најдобри стрелци во петте најсилни лиги.

https://twitter.com/mvsrapp/status/1647327118697562112?s=20

ПСЖ победата против Ленс ја обезбеди во првото полувреме кое го доби со 3:0, а покрај Меси, во листата на стрелци се запишаа уште и Килијан Мбапе и Витиња. Гостите во вториот преку Франковски само успеаја да постигнат почесен погодок. .

- Оглас -

Најнови вести