Нема попуст ни за НБА ѕвездата, мора да се служи војска и да се скрати косата!

Финската кошаркарска ѕвезда, Лаури Марканен, ја скрати својата препознатлива виткана коса и сега има војничка фризура, а разликата во изгледот е голема.

Бидејќи неговиот тим Јута џез не учествува во плејофот во НБА лигата, Марканен веднаш замина во родната земја за да го отслужи воениот рок.

Во Финска, сите мажи мора да одат во војска најдоцна до возраст од 30 години, а минималниот престој во војска е 165 дена па Марканен сака побрзо да заврши работа, за да може да има мал одмор и потоа му се врати на тимот на подготовките за идната сезона.

„Локните ќе се вратат“ – најави Марканен преку Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести