Арсенал пред нова победа во уште едно градско дерби

Фудбалерите на Арсенал водат со 2:1 по првото полувреме во лондонската пресметка против Вест Хем во рамки на 31-то коло во Премиер лигата.

Топчиите одлично го започнаа натпреварот и по само десет минути игра поведоа со 2:0.

Резултатот го отвоти Габриел Жесус во седмата минута, а три минути подоцна Мартин Одегард ја удвои предноста.

Чеканите првата половина од првиот дел ја преспаа, му дозволија на противникот да ја контролира играта, но откако поофанзивно тргнаа кон голот на Арон Рамсдејл, успеаја и да ја затресат неговата мрежа.

Саид Бенрама во 32-та минута од пенал постигна гол за Вест Хем и намали на 1:2.

- Оглас -

Најнови вести