Скандал на Ел Класико де Авеланеда: ВАР системот одлучи дека е пенал, Серхио Агуеро не можеше да верува (Видео)

Едно од најголемите дерби дуели во Аргентина е кога играат Индепендиенте и Расинг. Тоа се две екипи чии стадиони се наоѓаат на растојание од само стотина метри, па затоа ривалитетот е огромен. Овој дуел се нарекува Ел Класико де Авеланеда, а на крајот заврши нерешено 1:1.

Двата погодоци беа постигнати во првото полувреме. Домаќините поведоа со 1:0, а Расинг израмни од пенал во 35 минута. Токму овој момент кога беше досуден пенал за гостите го одбележа дербито. Домашните фудбалери сметаат дека се оштетени затоа што фаулот е направен надвор од шеснаесетникот, но судијата дури и по прегледување на ВАР снимката, заклучи дека е пенал.

Лут на оваа одлука на арбитарот беше и легендарниот аргентински голгетер Серхио Агуеро, кој во кариерата играше за Индепендиенте.

„Пенал, ВАР е совршен во Аргентина“, беше реакцијата на Агуеро со покажување на фотографија од спорниот фаул за тоа каде е направен.

Атмосферата на ова дерби е една од најдобрите во Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести