Рајн Некар Левен го освои купот на Германија во ракомет, откако во драма го совлада Магдебург со 36-34, а најразочаран беше тренерот на поразениот тим, Бенет Вигерт, кој дури и се расплака.
За некогашниот ракометар Вигерт, ова е дури шесто загубено финале откако во декември 2015 година го презеде Магдебург.
На листата порази во финалиња како тренер на Магдебург му се поразите во финалињата на купот на Германија во 2019, 2022 и 2023 година, финалињата на суперкупот во 2015 и 2022, и она од 2022 против Бенфика во битката за титула во Европската лига.
„Имам премногу загубени финалиња, а чувството уште е исто. Некогаш дури и помислувам дека е подобро воопшто да не стигнувам до финале, бидејќи поразите во финале ми се многу болни“ – рече 41-годишниот Вигерт, кој лани на Магдебург му донесе титула во Бундеслигата, преклани го освои ЕХФ Еврокупот, а купот на Германија го зеде пред седум години.