Ферплеј потег на годината: можеше да даде гол, а застана, ја шутна топката во аут и доби аплауз (Видео)

Необичен, но максимално спортски ферплеј потег се случи на дуелот од норвешкото фудбалско првенство помеѓу Од и Бран. Домашниот Од победи со 2-0, но при 0-0 во средината на првото полувреме се случи потегот по кој ќе се памети овој меч.

Јунакот се вика Бард Фине од Бран. Иако имаше отворен пат кон голот на домашните и ќе имаше зицер-прилика за погодок, кога виде дека противничкиот играч Сондре Солхолм се повреди додека двајцата беа во дуел и трчаа по топката, Фине застана и топката ја исфрли во аут.

Цел стадион му аплаудираше за потегот со кој Фине можеби го оштети својот тим, но ги привлече симпатиите на цел фудбалски свет и заслужува признание.

- Оглас -

Најнови вести