„Ѓаволски танц“ среде Питсбург, Филаделфија го надлета Винипег

Њу Џерси девилс славеше на гостувањето кај Питсбург пингвинс со 6-3, „ѓаволите“ на тој начин го остварија шестиот триумф против „пингвините“ во последните седум меѓусебни средби на овие две екипи.

Гостите беа немилосрдни и одиграа еден од подобрите мечеви во нивната лоша сезона. По два периоди, имаа убедлива предност од 4-1, додека во последните 20 минути работата им беше олеснета откако постигнаа уште два гола со играч повеќе на мразот. За Њу Џерси ова беше 19-ти триумф по 49 натпревари во НХЛ-лигата, а воедно ја прекинаа мини-серијата од три порази.

Филаделфија флаерс ја оствари четвртата последователна победа откако на домашен терен го совлада тимот на Винипег џетс со 3-1. По израмнетите сили во првиот период, Филаделфија го направи првиот чекор кон позитивен резултат преку Вароне и Конекни, а гостите не можеа да се спасат од пораз откако Римсдик погоди за 3-1 на четири и пол минути до крајот на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести