Се прекинува шпанското првенство?

Шпанските судии се подготвени да стапат во генерален штрајк и на тој начин да го прекинат првенството во Ла Лига. Конечната одлука се очекува да биде донесена во текот на денов, која може да биде и најрадикална поради зачестените физички и вербални напади во последно време.

На натпревар од првенството за фудбалери до 19 години, судијата Антонио Поцо беше брутално претепан од фудбалери, но и од нивните родители и тоа ја прели чашата на трпението.

Еден ден по инцидентот на младинскиот фудбалски натпревар, директорот на Валенсија остро ја критикуваше арбитражата на мечот на кој неговата екипа загуби од Севиља.

Според судиската организација на Шпанија, ова е хајка против нив и за да се заштитат, подготвени се да преземат радикални чекори.

- Оглас -

Најнови вести