Ужасни сцени се случуваа во Меделин на дуелот од колумбиското првенство помеѓу Атлетико Насионал и Америка де Кали. Пред почетокот на натпреварот, домашните навивачи влетаа во теренот и започнаа жестока пресметка со полицијата, во која беа употребувани метални предмети, но и рекламни паноа.
Според информациите, повредени се 12 полицајци и 30 навивачи, но од болницата во Меделин соопштуваат дека се примени повеќе од 50 пациенти.
He ido al Estadio Atanasio Girardot desde hace muchos años y jamás había presenciado algo tan impresionante, tan miedoso y tan tenso. La barra estaba en protesta tranquila, la Policía y Esmad entraron a provocar y desataron la batalla campal. #losdelsur #AtleticoNacional pic.twitter.com/YF7QdjOBtw
— Aleja Giraldo (@alejitaagc) April 17, 2023
Навивачите на Атлетико Насионал целата сезона протестираат против раководството на клубот поради зголемените цени на билетите, но дополнителен проблем настана кога пред почетокот на дуелот против Америка де Кали, раководството на клубот објави дека се укинати и попустите за навивачката група на Атлетико Насионал.
https://twitter.com/BabaGol_/status/1647746515794894848?s=20
Атлетико Насионал беше омилен клуб на наркобосот Пабло Ескобар.