Англиски фудбалер се заби во супермаркет со автомобил, па ѝ „продаваше финти“ на полицијата (Видео)

Поранешниот англиски фудбалер Дени Грем повторно е во центарот на вниманието во медиумите на Островот и повторно по неговото лошо однесување. Фудбалерот кој ја заврши кариерата во 2021 година во видно алкохолизирана состојба со својот автомобил се заби во еден супермаркет, а на полицијата ѝ призна дека бил во алкохолизирана состојба, но „не е свесен како се случило пијан да седне зад воланот“.

Секако дека полицијата не наседна на оваа фора на Грем и веднаш беше испратен на судење. Со оглед на тоа дека ова не му е прв прекршок од овој вид, возачката дозвола му беше одземена во следните две години и му беше забрането да пие алкохол во следните 90 дена. Грем ќе плати и глоба од 199 фунти, но и 180 дена ќе работи општокорисна работа на волонтерска основа. Доколку прекрши некоја од овие одредби на пресудата, речиси е сигурно дека Дени Грем ќе заврши зад решетки.

Штетата која беше предизвиката во маркетот се проценува на 32.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести