ПСЖ сака партнер на Мбапе во нападот да му биде капитенот на англиската репрезентација

Управата на ПСЖ во летниот преоден рок ќе се фокусира на купување напаѓач кој ќе му биде партнер на Килијан Мбапе и изборот падна на капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, пишува весникот „Ле Паризиен“.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, налето планира да направи ремонт на екипата, да се ослободи од неколку фудбалери, пред сè од Нејмар, и на нивно место да донесе нови играчи кои би требало на Мбапе да му помогнат конечно да дојде до трофејот кој му недоставува, тој во Лигата на шампионите.

Според „Ле Паризиен“, најслабата точка во екипата е втор напаѓач и затоа Ал-Келаифи одлучил налето да не штеди и да донесе елитен голтегер, па изборот паднал токму на Кејн, кој е капитен на англиската репрезентација.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува идната година, а засега нема никакви информации дека се започнати преговори за нов договор и тоа сака да го искористи ПСЖ, кој е подготвен да понуди помеѓу 90 и 100 милиони евра како отштета.

- Оглас -

Најнови вести