Роналдо немоќен, Ал-Наср го загуби најголемото дерби, а со тоа им бега и титулата во првенството (Видео)

Ал-Хилал со 2:0 го победи Ал-Наср во најголемото фудбалско дерби во Саудиска Арабија. Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Одион Игало, е херојот на Ал-Хилал постигнувајќи ги двата гола за домашниот тим.

Интересно е дека Огало двапати погодуваше од пенал. Најпрво беше прецизен во 42-рата минута, а потоа погоди од белата точка и во 62-рата минута за 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Кај Ал-Наср во тимот беше Кристијано Роналдо, кој постигна гол, но му беше поништен поради минимален офсајд. Оваа ситуација се случи во 77-мата минута, кога можеше да намали на 1:2, но судијата Мајкл Оливер од Англија и неговите помошници од ВАР-собата го поништија.

Ал-Хилал со овие три бода стигна до 49 бодови од 25 меча и останува на четвртото место на табелата, додека Ал-Наср остана на 53 бода од 24 средби и е на второто место. Лидерот Ал-Итихад има 56 бода и еден меч помалку, што значи дека Ал-Наср полека ги губи надежите дека може да стигне до титулата во првенството, во кое се играат 30 кола.

- Оглас -

Најнови вести