„Новиот Годин“ се крие меѓу „биковите“ од Лајпциг?

Атлетико Мадрид полека се навикнува на фактот дека од следната сезона ќе биде без „командантот“ во одбраната Диего Годин, кој како слободен играч ќе се пресели во Интер, па Симеоне веќе размислува за негов наследник. Не му требаше многу време, „Чоло“ ја најде замената за искуниот Уругваец во Лајпциг, му фрли око на талентираниот Дајо Упамекано.

Иако Упамекано има само 20 години, тој веќе две сезони е стандарден во редовите на Лајпциг, па неговиот потенцијал го забележаа неколку европски гиганти, како Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем и Манчестер сити, но Атлетико засега се покажа како единствен клуб кој има намера да го одврзе ќесето за Французинот.

Лајпциг во 2017 година го откупи Упамекано од братскиот клуб Салцбург за сума од 11 милиони евра, а „јорганџиите“ ќе мора да подготват најмалку 35 милиони евра за неговите услуги.

 

- Оглас -

Најнови вести