Сити со истите 11-мина против Баерн, кај германскот првак тепаниот е стартер, а тепачот е на клупа

Манчестер сити во Минхен ќе стартува со истите 11-мина фудбалери кои минатата недела против Баерн победија со 3:0 и се стекнаа со убава предност пред денешниот реванш на „Алијанц арената“. Тренерот на гостите, Пеп Гвардиола, верува во своите играчи, додека Баерн има измени во составот.

Германскиот гигант ќе биде во формација 4-2-3-1, со тоа што во првиот состав има место за Лерој Сане, но нема за Садио Мане. По првиот дуел во Манчестер, Мане физички го нападна Сане.

Интер во формација со засилен среден ред (3-5-2) ќе излезе на теренот на „Џузепе Меаца“ во реваншот против Бенфика. Нераѕурите имаат предност од 2:0 по првиот меч во Лисабон. Гостите ќе играат со Рамос како најофанзивен, а зад него ќе има тројка која треба да биде опасност кон голот на Онана.

- Оглас -

Најнови вести